Преку ТАВ програмата досега се реализирани скоро 70 проекти, а остануваат да се дореализираат уште 23, информираше денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, по увидот на активностите за адаптација на просторот доделен на новата НУ Џез оркестар.

Вкупната вредност на програмата е 49,7 милиони евра.

-Проектите што се реализраат низ сите општини се инфраструктурни и се произлезени од потребите на граѓаните токму за тоа што тие го бараат, посочи Битиќи.

Инфраструктурните проекти се средствата на ТАВ што беа предвидени за изградба на карго аеродром во Штип, но беа пренаменети.

За адапатација на просторот на НУ Џез оркестарот Владата одвои 11,7 милиони денари, од кои 10 милиони се средства од ТАВ програмата, а останатите од Министерството за култура.