Возач на автобус на ЈСП бил претепан од едно лице со употреба на тврд предмет.
Имено завчера во 20.50 часот во СВР Скопје, А.З.(47) од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи како возач на автобус на ЈСП, бил физички нападнат од едно лице, кое употребило тврд предмет.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.