Дваесет и седумгодишна жителка на Скопје е приведена во угостителски објект во Тетово, при акциска контрола на полицијата во локал, а поради сомнение за инволвираност во трговија со луѓе.

„Половина час по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово, во акциска контрола спроведена во угостителски објект на улица „Страшо Пинџур“ во Тетово, сопственост на А.Б.(44) од тетовско Селце, ги лишиле од слобода Е.С.(22) од Србија и Б.С.(27) од Скопје. За Е.С постои сомнение дека го злоупотребила туристичкиот престој, а Б.С. поради сомнение за нејзина инволвираност во трговија со луѓе. Двете се задражани во полициската станица во Тетово за натамошна постапка“, информира денеска Марјан Јосифоски, портарол на СВР Тетово.

Полицијата бележи уште едно приведување викендот поради илегален влез и престој, поради што 19-годишна жителка на Косово е задржана во полициска станица во Тетово за натамошна постапка.