„Вчера околу 00.40 часот во тетовски угостителски обејкт, во кој била спроведена акциска контрола во содејство со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и радмисија Тетово и Државниот трудов инспекторат, полициски службеници на СВР Тетово ја привеле И.А.(31) од Украина, поради сомнение за илегален влез во нашата земја.

Таа е задржана во полициската станица Тетово за натамошна постапка“, информираат од МВР.