На 07.01.2022 во 00.30 часот во с.Групчин, тетовско, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода О.М.(19) од с.Џепчиште, тетовско и А.М.(19) од с.Порој затоа што физички нападнале и со возило „фолксваген лупо” со тетовски регистарски ознаки, што го управувал О.М., удриле полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.