Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија, во координација со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, денеска на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при влез во Република Северна Македонија го лишиле од слобода италијанскиот државјанин К.Т.(39). При извршен преглед кај него се пронајдени и одземени марихуана и хашиш.

Како што информира МВР, К.Т. е приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а за настанот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по чии насоки против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.