Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски денеска додели награди за најдобрите полицаец, пожарникар и комунален работник.
-Со почит кон службата што ја работат, како признание за нивната посветеност, денес доделивме награди за најдобрите: пожарникар, полициски службеник и работник од ЈП Комуналец за 2022 година, соопшти Митовски.
Плакети од Општина Крива Паланка добија:
Александар Фимков за најдобар полициски службеник за 2022 година
Зоран Петровски- најдобар пожарникар од ТППЕ Крива Паланка за 2022 година
Грозде Димчевски, за најдобар комунален работник во ЈП “Комуналец” во 2022.
Честитки, посветеноста и професионалноста во извршување на задачите се препознава, а службата во интерес на заедничко добро нека продолжи, порача градоначалникот на Крива Паланка.