Жител на Пробиштип фалсификувал рецепти за издавање лекарства на наркозависници.

За таа цел полициски службеници извршиле проверки во здравствена ординација во Пробиштип и во аптеки на подрачјето на Пробиштип, при што е констатиран направениот фалсификат, а рецептите се пронајдени и одземени од една од аптеките.

За случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО Штип и по негово целосно документирање ќе се следи поднесок.