Нападната жена во продавница во Сплит. Како што неофицијално дознава Слободна Далмација, напаѓачот е поранешен партнер, уапсен е и одземен е нож со кој ги нанел смртоносните повреди.

Сплитско-далматинската полициска управа дознава дека добиле пријава за напад во продавница, па излегле на терен.

Според неофицијални извори, „Јутарњи лист“ дознава дека маж наводно со нож нападнал жена, а настанот го гледале многу муштерии.

„Ја избоде неколку пати, нејасно викајќи“, изјави шокираниот очевидец.

Сведоците раскажуваат како имало повеќе убодни рани, а полиците и подот биле полни со крв. Од она што го извикал напаѓачот, заклучиле дека наводно се работи за поранешен партнер, но тоа ќе се утврди дури кога полицијата ќе си ја заврши работата.

Се работи за жена, работничка во продавница. На крвавиот напад со нож му претходела расправија, а насилникот бил совладан од чувар со помош на неколку млади момчиња кои го фрлиле на подот.

Според првичните неофицијални информации, напаѓачот се обидел и да се избоде себеси откако брутално ја нападнал и ја повредил жртвата.

– Кутра жена, стоеше на нозе кога напаѓачот дојде од зад неа. Тој имал капа на главата, викнал нешто и извадил нож. Страшно, ужасно, ја прободе многу пати! Сè уште сум во шок! – вели за Слободна Далмација девојка која видела што се случува.