Рокот за активна регистрација на членови на СДСМ за гласање на внатрепартиските избори е продолжен до 23.06.2024 година, информираат од партијата.

Членовите на СДСМ на 30 јуни на избори ќе го бираат новиот претседател а кандидати за претседател се Славјанка Петровска, Јован Деспотовски, Венко Филипче и Александар Бајдевски.