ВМРО-ДПМНЕ од една страна ја партизира државата со стари кадри а од друга страна на високи државни позиции назначува кадри по партиски клуч без основно, елементрано познавање на областа за кои се назначуваат, реагираат од СДСМ.

Последен пример, како што велат, е предлогот за заменик министер во Министерството за внатрешни работи, Мицкоски го предлага Астрит Исеини, кој дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а се стекнал и со титулата доктор по Кинезиологија, како вонреден професор.

„Каква врска има физичкото образование, Кинезиологијата со полицијата и внатрешните работи?

Гледаме класичен кадровски дебакл на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Единствен критериум е партиската припадност“, посочуват од оваа партија.

Според нив, ниту има свежи кадри ниту професионалци ниту пак луѓе со соодветно познавање на областите.