СДСМ продолжува со програмско – тематските трибини преку кои се создаваат решенијата за новата изборна програма.
Во вторник, 4 февруари, со почеток во 18 часот во Јавна соба ќе се одржи трибината Агенда Отворена власт 20-24, на која ќе се зборува за тоа што може да се направи за зголемување на отвореноста на институциите, за подобрување на условите во медиумскиот простор и за справувањето со дезинформациите.
Модератор на трибината ќе биде Марјан Забрчанец, национален координатор за стратегиски комуникации во Владата на Република Северна Македонија, а свое учество како говорници ќе земат:
- Роберт Поповски, министер за комуникации, транспарентност и отчетност
- Коста Петров, потпретседател на СДСМ
- Теофил Блажевски, Совет за етика во медиумите
- Снежана Трпевска, комуниколог истражувач, институт РЕСИС
- Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис
- Драган Антоновски, МИА