Советничката група на СДСМ и Коалицијата за општина Крива Паланка е составена од 19 советници – претставници на граѓаните, избрани на општи непосредни и слободни избори во ОО СДСМ Крива Паланка.

Носителката на советничката листа од редовите на СДСМ е Изабела Павловска.
Родена е на 16 март 1970 год. во Крива Паланка, дипломирала на Педагошкиот факултет,, Св Климент Охридски,, Скопје. Вработена како професор по одделенска настава во ООУ,, Јоаким Крчовски,, во Крива Паланка. Таа е актуелен претседателка на Советот на Општина Крива Паланка. Нејзина животната мисија е пренесување на знаењето и мудроста на најмладите.

Место број 2 на советничката листа е Михаил Дејановски, роден на 19.07.1988 година во Крива Паланка, дипломиран на економскиот факултет AUE-FON Скопје. Вработен е како виш цариник во царинската испостава Деве Баир Крива Паланка. Претседател е на ОО СДСМ Крива Паланка, а се залага за локален економски развој и развој на спортот во општината.

Трето место на советничката листа е Тања Дејановска Митровска, родена на 31 јануари 1980 година во Крива Паланка, дипломирала на Економскиот факултет “Св Кирил и Методи “ Скопје. Вработена е како раководител на експозитура во Крива Паланка. Координаторка е на советничката група на СДСМ и коалицијата, а се залага за родова еднаквост и поддршка на претприемништво и иновации.

Место број 4 на советничката листа е Сретимир Николовски, роден 24.01.1958 година. Студирал и специјализирал Интерна медицина на Медицинскиот факултет во Скопје и работи како интернист во ЈЗУ Здравствен Дом-Крива Паланка. Работното искуство го темели на Хипократовата заклетва покажувајќи ја на дело грижата за здравјето на граѓаните.

Реден број 5 на советничката листа е Никола Јакимовски, роден во Крива Паланка во 1994 година; Дипломиран економист на департманот по сметководство и ревизија при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” Скопје; Вработен е во Министерството за финансии, Управа за јавни приходи; Никола, како потпретседател на СДММ, и пред се, како млад човек, се залага за активно учество на младите, не само во спроведувањето, туку и во самото креирање на политики, политички идеи и одлучување во локалната заедница, за носење на квалитетни мерки кои го јакнат стандардот на живот на младите и создаваат просперитетна и безбедна иднина за сите во нашата општина.