Советничката група на СДСМ и Коалицијата за општина Крива Паланка е составена од 19 советници – претставници на граѓаните, избрани на општи непосредни и слободни избори во ОО СДСМ Крива Паланка.

Носителката на советничката листа од редовите на СДСМ е Изабела Павловска.

По промоцијата на првите петмина кандидати, беа промовирани уште шест кандидати кои се најдоа на листата, а ова се и следните кандиадати за советници.

Место број 12

Елена Стојевска, родена на 08 септември 1993 година во Скопје, студира на Факултет за Безбедност-Скопје. Се залага за хуманост и секаков вид волонтирање и помагање во општината.

Место број 13

Методиј Вучковски, роден на 11 Јуни 1997 год. во Крива Паланка, студент на Градежен факултет “Св.Кирил и Методиј” Скопје. Претседател е на ЛК СДММ Крива Паланка. Се залага за развој на инфраструктура, зголемено младинско учество во носење одлуки и подобрување на условите за спорт и рекреација.

Место број 14

Маја Митровска, родена 06.03.1986 год. во Крива Паланка, дипломирана на Филолошкиот факултет, универзитет Св.Кирил и Методиј Скопје, вработена во ООУ,, Илинден “, Крива Паланка. Се залага за родова еднаквост, унапредување на образовните програми и зголемена мотивација за најуспешните ученици.

Место број 15

Даме Станојковски роден на 01.04.1975 год. во Крива Паланка. Завршил средно стручно образование машински техничар. Вработен е во фото студио ,,Јаце” Крива Паланка. Се залага за развој на руралниот туризам и спортот во градот.

Место број 16

Моника Јовановска родена на 21 мај 1996 год. во Крива Паланка. Студира на Економски факултет при Универзитет “Св.Кирил и Методиј” Скопје. Се залага за зголемена партиципација на жените и младите во политиката во носењето на одлуки како и за зголемен економски развој на општината.

Место број 17

Габриела Стојановска родена 19.02.1979 год. во Крива Паланка. Дипломирала на Филолошкиот факултет- Св. ,,Кирил и Методиј”- Скопје, магистар по Менаџмент во образованието. Вработена е како професор по македонски јазик и литература во ООУ “Јоаким Крчовски”, Крива Паланка. Се залага за вклучување на младите и учениците во Европските програми и размена на добра практика.