Советничката група на СДСМ и Коалицијата за општина Крива Паланка е составена од 19 советници – претставници на граѓаните, избрани на општи непосредни и слободни избори во ОО СДСМ Крива Паланка.

Носителката на советничката листа од редовите на СДСМ е Изабела Павловска.
По промоцијата на првите петмина кандидати, следи промоција на уште шест кандидати кои се најдоа на листата.

На место број 6
Александра Јовановиќ родена на 20 декември 1979 година во Крива Паланка, дипломирала на Педагошки факултет ,,Св.Климент Охридски” Скопје. Вработена како професор по одделенска настава во ООУ ,,Јоаким Крчовски” во Крива Паланка. Воспитанието и образованието се клуч за успех на секој поединец – е нејзиното мото.

Реден број 7
Мери Митровска Јовановска, родена на ден 22 април 1985 година во Скопје, дипломирала на Правен факултет Јустинијан Први – Скопје. Вработена е во нотарска канцеларија како помошник – нотар. Се залага за почитување на основните човекови права и зголемена партиципација на жените во политиката и во носењето одлуки.

Реден број 8
Влатко Ристовски, роден 29.01.1982 година во Крива Паланка, дипломирал на Правен факултет „Јустинијан Први – Скопје“. Вработен е во приватен сектор, телекомуникациски услуги.Се залага за хуманост, правда и правичност за секого.

Реден број 9
Мартин Поцевски роден на 07.02.1975 година во Скопје.
Има средно стручно образование – техничар за интегрален транспорт и шпедиција Скопје. Вработен е во фризерски салон „Карадак“ во последните 30 години. Се залага за развој и зачувување на занаетчиството како дејност за егзистенција.

Реден број 10
Билјана Крстевска родена на 21 јануари 1991 година во Крива Паланка, дипломирала на Правен факултет,, Универзитет Гоце Делчев”Штип. Вработена е во ЈЗУ Здравствен дом „Академик Проф. Д-р Димитар Арсов” Крива Паланка. Се залага за владеење на правото и вклучување на свесност за родова еднаквост во рамките на органите на државната управа, на централно и локално ниво.

Реден број 11
Даниел Анѓеловски, роден на 02 јули 1979 година во Крива Паланка, дипломирал на Градежен факултет „Св. Кирил и Методиј – Скопје“, магистер по технички науки од областа на градежништвото.Вработен е како градежен инженер во ГД Гранит АД Скопје како раководител на мостови на Експресен пат Кр. Паланка-Ранковце.
Се залага за реализација на инфраструктурни проекти важни за општината како и промоција и актуелизирање на шахот кај младите.