Во семеен дом на улица „Партизанска“ во Крушево вчера попладне бил пронајден експлозив.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера во 16:30 часот во Полициска станица Крушево, М.Р.(64) од Словенија пријавила дека во семејниот дом на ул.„Партизанска“, во сопственост на нејзиниот починат брат Р.М. од Крушево, пронашла експлозив.

За настанот е известена Дирекцијата за заштита и спасување.

Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денот.