Полицајци од секторот за недозволена трговија со дрога, денеска пронајдоа кокаин и хероин во Чаир кај лице со шпанска лична карта.

Од МВР соопштија дека околу 15:30 часот на ул. Цветан Димов во Скопје го приведоа Е.О.В. (35) , кај кого бил пронајден кокаин и хероин.

-Лицето е приведено и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, а запленето е и возилото „мерцедес” што тој го управувал, се наведува во соопштението од МВР.