На 07.03.2020 во 22.50 часот на регионалниот пат Гостивар-с.Вруток, полициски службеници од Полициската станица Гостивар од слобода лишиле 16-годишен малолетник од с.Речане, гостиварско, поради тоа што при преглед во возилото „фолксваген голф“, што го управувал, бил пронајден пиштол „Бруни 92“ и два куршуми со калибар 7,62 мм. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.