Денеска (05.01.2021) околу 12.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-ОВР Гостивар, на улиците „Беличица” и „Кеј Вардар” во Гостивар ги лишиле од слобода Е.М.(32) од гостиварска Долна Бањица, кај кого при преглед бил пронајден хероин и 30-годишниот гостиварец С.А. затоа што кај него била пронајдена марихуана. Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.