Од општина Крива Паланка известуваат дека овогодинешното прославување на големиот христијански празник Бадник традиционално ќе се организира на централниот градски плоштад со почеток од 15 часот. во среда на 5-ти јануари.
-Прославувањето на Бадник ќе биде во духот на христијанската традиција со звукот на коледарчиња со традиционалните коледарски песни, со осветени лепчиња со паричка, делење на топла ракија и чај и бадникарски гранчиња и со посна славска закуска, велат од општина Крива Паланка.
Сите граѓани кои сакаат да се пријават за бадникарски кум за наредната година, тоа можат да го направат најдоцна до вторник 4-ти јануари до 15.30 часот во просториите на општина Крива Паланка на лицето за контакт, Антонио Давитковски или на тел. 072 275 155.
Општина Крива Паланка Ве поканува да бидете присутни на градскиот плоштад и заеднички, сплотени и со радост да го прославиме овој убав ден Бадник, во радост и пресрет на најголемиот христијански празник, Христовото раѓање-Божиќ.
Кај и да си за Бадник дома да си. За многу години да ни е празникот!