Полицијата ги ослободи лицата кои што беа приведени во Сингелич, граѓаните ја ослободија улицата, соопшти новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу.
Претходно тој сподели информации дека полицијата уапси 3 лица, а револтирани граѓани поради тоа ја блокираа улицата. Тие изјавиле дека полицајците им влегле во двор.
Во скопската населба Ченто граѓаните се надвор од своите домови, создадена е голема група во знак на протест, затоа што како што изјавиле граѓаните за ТВ21, полицијата влегла во домовите на неколку луѓе кои играле карти во дворовите, пренесе претногно ТВ21.