Пациент на возраст од 39 години со КОВИД-19 денеска  е исклучен од респиратор и дише слободно без помош на машина, потврдија за НОВА во ГОБ„„8 Септември. Тој е првиот пациент во државата кој е тргнат од респиратор и засега е стабилен. Досега ниту еден од пациентите со коронавирус кои беа на респираторна машина не преживеа.

Пациентот пред три недели бил примен во болницата „8 Септември“ во тешка здравствена состојба, а нермал претходни хронични заболувања. Тој е еден од 10 мината пациенти кои примаат терапија со озон, а прима и антивирална и антиинфламаторна терапија. Директорот Христојан Костов, за НОВА ја потврди информацијата, но рече дека се уште е рано да се прогнозира.