Владата денеска ја донесе првата Програма за водостопанство. За Програмата годинава во државниот буџет се предвидени 916.000.000 денари.

Како што соопшти владината прес-служба, средствата од Програмата за водостопанство ќе бидат наменети за изградба, реконструкција, набавка и одржување на основните водостопански објекти за наводнување и надзор над изведбата, како и за изготвување елаборати, студии и техничка документација за реконструкција и рехабилитација на инфраструктурата во системите за наводнување.

Средствата ќе бидат наменети и за обврски за почнати и недовршени работи по веќе склучени договори од претходните години за изградба на браните Конско и Речани со придружни објекти, како и за изградба на главен довод од ХС Равен – Речица.