Сопругата на претседателот на Франција, Брижит Макрон, одлучи да поднесе тужба против теоријата на заговор на интернет, во која беше објавено дека е родена како маж.

Брижит Макрон стана цел на лажни тврдења на социјалните мрежи откако на веб-страницата на ултрадесничарските теоретичари на заговор во септември беа објавени лажни информации дека е родена како маж по име Жан-Мишел Троње, јавува Би-би-си.

Адвокатот на Брижит Макрон, која е мајка на три возрасни деца од првиот брак, потврди дека презема законски мерки. „Брижит Макрон одлучи да поведе постапка и таа е во тек“, ја пренесоа француските медиуми изјавата на адвокатот Жан Еноки.