Поддршка за кандидатот за градоначалник, Христо Кондовски дава и првиот Претседател на македонското Собрание по осамостојувањето на нашата држава во 1991 година, д-р Никола Стојановски.

Јасната и гласна поддршка од личност како д-р Стојановски  значи многу за Битола.

Д-р Стојановски, кој има 99 години, жив борец од НОБ, прв Претседател на Собранието, долгогодишен пратеник, актуелен Претседател на СБМ даде поддршка за прогресивна Битола, Битола која чекори по вистинскиот пат и истакна дека борбата за подобро утре е многу важна за секој граѓанин на Битола.

Секогаш ни се потребни советите од искусните борци, само така можеме обединети да продолжиме напред !