Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска имаше посебна чест и задоволство да присуствува и да ја отвори манифестацијата “Државна изложба на ловечки трофеи 2022” која се одржува за првпат после 41 година.
Nikolovski33Изложбата на ловечки трофеи го покажува и трендот на сериозниот пристап кон ловството за што се залагаме последните години, а тоа значи пристап кон сериозните реформи во ловството на Република Северна Македонија.
Како министерство ќе продолжиме и понатаму со напорна работа и соработка со ловците како и со Ловечката федерација на Македонија, при спроведувањето на клучни и значајни реформи, рече Николовски.
Nikolovski22Николовски упати честитки за прекрасната организација на Ловечката федерација и претседателот на Федерацијата. Поддршката од МЗШВ продолжува и во иднина.