-На 22 ноември 2023 година, во единаесет часот и триесет и четири минути, во Одделението за внатрешни работи Крива Паланка било пријавено дека во Итна медицинска помош Крива Паланка со повреди бил донесен 63- годишен жител на градот со иницијали Т.С. Согласно пријавата, тој се здобил со повредите на работното место при изведување на градежни работи на експресниот пат во изградба, Ранковце-Крива Паланка, се наведува во информациите од Сектор за внатрешни работи Куманово.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Крива Паланка.