РС Македонија не може да ја помине катарзата. Нашите позиции се јасни. Се додека продолжува овој вид на процес на преродба, се додека нашите сонародници продолжуваат да подлежат на суптилна асимилација со текот на годините и им се потиснати основните права во однос на другите нации во земјата, не можеме да кажеме „да“ за почеток на преговорите со ЕУ, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев од Словенија, објави БГНЕС.

Тој очекува да се искорени говорот на омраза, заблудата и толкувањето на Бугарија во учебници, на споменици, музеи, јавна политика.

-Сакаме јасни правно обврзувачки документи. Македонските Бугари да се рефлектираат во пописот. Сакаме како што се призна историската вистина во односите со Грција, на ист начин да се признае и историската вистина во односите со Бугарија. Раскинување со македонизмот и омразата кон Бугарија и донесување јасни одлуки, нагласил Радев и додал дека учебниците не треба да водат кон омраза на рана возраст.