Просторот на домот за ученици Боро Менков во општина Крива Паланка, во еден дел станува Дом за стари лица во општината Крива Паланка.
Над 34 милиони денари ќе бидат издвоени од Буџетот на МТСП за реконструкција и прилагодување на Ученичкиот Дом „Боро Менков“ во дом за стари лица. Општина Крива Паланка е една од општините со најмногу корисници на услугата помош и нега во домот. Услуга која ја користат 95 корисници, за кои се грижат 32 негователи.
Сите граѓани, вклучувајќи ги и повозрасните заслужуваат достојни услови за поминување на своето време, за спокојни пензионерски денови поминати во радост и среќа, порачаа министрите Николовски и Тренчевска од трибината со пензионерите во Крива Паланка.
– Од заробена држава на привилегираните, денес сме слободна држава на сите граѓани. Од држава која парите ги даваше за споменици и лажен мермер, денес сме држава која парите ги враќа кај граѓаните. За разлика од претходно кога државата мораше секој месец да се задолжува за да може да исплати пензии, плати, субвенции кон граѓаните, денес државата платите, пензиите и субвенициите, кон граѓаните ги исплаќа без никаков проблем, истакна министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
Тој додаде дека со новата Методологија за раст на пензиите на пензионерите им се гарантира постојан раст на пензиите. Сите 330.000 пензионери два пати годишно имаат гарантирано усогласување на пензиите, следејќи ги растот на трошоците за живот и порастот на просечната плата. Ваквата методологија гаранитра стабилен пензински фонд и сигурна пензија до секој еден пензионер.
Пензионерите се сведоци на лошите искуства кога дефицитот на пензискиот фонд изнесуваше 48%, истакна министерката Тренчевска и додаде дека нема да се дозволи ново нарушување на пензискиот фонд.
– Пензиите ќе продолжат да растат, по формулата на новата методологија, мерка со која нема да се наруши стабилноста на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, истакна Тренчевска.
Граѓаните знаат дека со нас дадениот збор се исполнува, дека за нас зборот даден пред граѓаните важи, нагласи Николовски.
– Докажавме дека платите можат да растат, да растат пензиите, да има зголемени и навремени субвенции за земјоделците. Денес минималната плата изнесува 22.500 денари, а просечната плата изнесува 40.000 денари. Растат и пензиите па денес минималната пензија изнесува 13.900 денари, а просечната пензија 20.195 денари, истакна Николовски.
Во новата програма за пензионерите СДСМ се обврзува на минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари.
СДСМ предвидува два пати годишно раст на пензиите како усогласување со трошоците за живот и растот на минималната плата, односно усогласување секој јануари и јуни во годината. Воведување на новогодишен пакет за секој пензионер во висина од 6000 денари, потрошувачка картичка со попуст од 30% на прехранбени производи за пензионерите и изградба на најмалку 12 нови домови за стари лица, се дел од ветувањата кои СДСМ ги има предвидено во новата програма за пензионерите.