„Изградбата на браната Конско е најголем и најзначаен проект од национален интерес за државата и граѓаните. Тоа не е и не може да биде проект на една или друга политичка партија, туку единствено проект на граѓаните. Браната Конско е најголемиот водостопански проект реализиран во последните 20 години, но и најголемиот инфраструктурен проект во гевгелискиот регион последниве 50 години. Сонот за изградбата на оваа брана започнува уште од 1973 година и денес тој сон стана реалност.“ – вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во интервју за Капитал.
Тој е особено горд што изградбата на браната почна и заврши во мандатот на владата на СДСМ, вели дека ова е најголемиот инфраструктурен проект во гевгелискиот регион последниве 50-тина години, што ќе помогне во неговиот вкупен економски развој.
– Изградбата на браната Конско е најголем и најзначаен проект од национален интерес за државата и граѓаните. Тоа не е и не може да биде проект на една или друга политичка партија, туку единствено проект на граѓаните. Браната Конско е најголемиот водостопански проект реализиран во последните 20 години, но и најголемиот инфраструктурен проект во гевгелискиот регион последниве 50 години. Сонот за изградбата на оваа брана започнува уште од 1973 година и денес тој сон стана реалност.
Изградбата на браната Конско ја започнавме во 2018 година и комплетно ја завршивме во 2024 година. Низ годините на изградба соочени бевме со многу предизвици, лошо подготвен проект кој мораше во самиот тек да се менува, потоа КОВИД криза, како и светска економска криза. Желбата овој проект да успее беше огромна и ниту еден пречка не нѐ запре, секој предизвик кој го имавме беше надминат.
Овој капитален проект е посебно важен за земјоделците, бидејќи подразбира ново вештачко езеро-акумулација и нов систем за наводнување, со кој се опфатени околу 6.500 хектари земјоделски површини, со што наводнуваните земјоделски површини ги зголемуваме за пет пати. Инвестицијата е вредна 2,7 милијарди денари или околу 44 милиони евра и ја обезбедува потребната вода за наводнување на земјоделските површини, во текот на целата година. Ова би значело помали трошоци и поконкурентно македонско земјоделско производство. Покрај наводнувањето на земјоделските површини, со овој проект го помагаме вкупниот економски развој во овој регион, создавајќи услови за развој на рурален туризам, спортски и рекреативен риболов.
Целото интервју со Николовски за Капитал на следниов ЛИНК.