Изминатата ноќ регистрирани 74 прекршувања полицискиот час во земјава, пренесува Алсат.
Според податоците кои ги добивме, направени се контроли во 1674 локали и преземени се мерки против 18 случаи на прекршување на владините одлуки за превенција од ширењето на ковид-19.
Во меѓувреме, бројот на влезови и излези од земјава значително е намален. Според податоците, регистрирани се 488 влеза и 546 излези од нашата држава.
МВР уапси двајца косовски државјани во обид нелегално да ја поминат границата кон Македонија. Тие се однесени на задолжителен преглед, по ште ќе биде покрената редовна постапка од Обвинителството.