Во текот на вчерашниот ден министерството за внатрешни работи на територијата на Град Скопје евидентирало вкупно 163 санкции.

-За возење повеќе од дозволената брзина 27 санкции, девет за возење без возачка дозвола, 53 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, четири за нерегистрирани возила. Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, шест за некористење сигурносен појас, 37 санкции за непрописно паркирани возила, стои во соопштението од МВР.

Воедно испраќаат апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.