По завршувањето на вчерашното рочиште за случајот „Рекет“, судијаката Васка Николовска Масевска закажа уште 18 термини за нови рочишта, до средината на март.
Па така, обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева имаат одмор до четврток, кога со засилено темпо ќе продолжат рочиштата. Така, наредната недела има две рочишта, на 6 и 7 февруари. Во неделата која ќе следува, рочишта се закажани за четири од вкупно петте дена, односно слободен е само 12 февруари. Потоа до крајот на февруари предвидено е да се оддржат уште шест рочишта. Судијката закажа и шест рочишта во текот на месец март.
Судењето е во фаза на доказна постапка, односно по сведочењето на сведоците предложени од обвинителството, сега се изведуваат материјалните докази. Јавноста имаше можност да ги види доказите одземени од куќите на обвинетите, односно брендирана гардероба, мебел и белешки напишани на хартија или тефтери.
Потоа ќе следуваат снимките кои ги обезбеди сведокот Орце Камчев, како и вештачењата од мобилните телефони.