На потегот меѓу плажите Горица 2 и Горица 3 во водите на Охридското езеро , утрово е пронајден машки труп, за кој се претпоставува дека е на рибар кој се удавил лизгајќи се од една од карпите каде бил застанат да лови риба.

Ова го потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски кој уште соопшти дека полицијата е на местото на настанот и врши увид.

Инаку телото на давеникот утрово го забележале случајни минувачи по што пријавиле во полиција. Засега сеуште се непознати причините за лизгањето и паѓањето од карпа во водите на езерото на охридскиот рибар.