Со новиот Буџет за 2023 година близу 9 милијарди денари се наменети за земјоделците, што е досега рекорден буџет во земјоделството, со кој се започнува со импелементација на најголемата земјоделска реформа во државата, истакна при реплика во Собранието пратеничката на СДСМ Лолита Ристова.
Пратеничката Ристова нагласи дека се обезбедува предвремена исплата на 30 отсто од субвенциите во тековната година, дополнителна субвенција за значајните култури, голема, побрза поддршка за сточарите, се продолжува со поддршка за секој земјоделец, преку интервентната програма.
Преку новата мерка бизнис план во земјодлелството, земјоделците, на кои тоа им е основна дејност, добиваат поддршка од 10.000 евра, тука е поддршката за откуп на свежо овошје, зеленчук, млеко, млечни производи, се обезбедува здрав оброк за учениците во основните училишта, грант од 10.000 евра за поддршка на малите семејни винарии, поддршка од 10.000 евра и за малите производители на храна и развивање на продажба од фарма, развој на селата преку поддршка на земјоделските задруги, наведе Ристова.
Пратеничката Лолита Ристова нагласи дека ова се само дел од мерките кои значат поддршка и директно стигнување до земјоделците на коишто тоа има е најпотребно.
Дополнително за инвестиции и развој на македонското земјоделство на располагање во наредните седум години се става и новата ИПАРД 3 програма, којашто вреди 210 милиони евра, истакна пратеничката на СДСМ Лолита Ристова, во рамките на собраниската седница посветена на Буџетот за 2023 година.