Ова да не се случи на никого, ниту на душман. Се чувствуваме како да немаме органи како со пепел да сме полни, ни емоции имаме ни чувства имаме повеќе – велат родителите на малата Јана, Кристина и Стојче за Сител, со солзи во очите.

– Ние не сакаме да ги обвиниме лекарите дека намерно згрешиле или намерно сакале да му го одземат животот на детето. Само ние мислиме дека толку им е знаењето, кажа Кристина, мајката на малата Јана додавајќи дека Јана никогаш немала никакви хронични заболувања, а најмалку шеќерни или срцеви заболувања.