На 20.02.2020 во 09:50 часот на Граничниот премин „Табановце“, при извршена контрола на А.Б.(32) од Русија, со место на живеење во Р.Германија, кој управувал патничко возило „опел“, со германски национални ознаки, било констатирано дека возилото во базата на податоци во Интерпол било предмет на потрага, односно било пријавено за украдено.

При преглед во возилото биле пронајдени два гасни пиштола, кои биле одземени.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.