На Граничниот премин „Деве Баир“ вчера во 10.30 часот на влез во државава, се пријавил Д.Д. (43) од Скопје.

– При редовната пасошка контрола е констатирано дека евидира на стоп листата со мерка „лиши од слобода“ за кривично дело по член 313 од КЗ и за кој од страна на Основен суд Скопје 1 на 18.12.2017 е одредена мерка притвор, по што лицето е лишено од слобода, велат од МВР.

desho

Медиумите објавуваат дека Дејан Давидовски-Дешо, кој беше баран со меѓународна потерница за настаните во Собранието од 27 април, по седум години во бегство, на ГП „Деве Баир” на влез во Македонија од Бугарија се предал на македонските власти.