Додека целиот свет се соочува со пандемија од коронавирусот, се заканува сериозна економска криза која ќе ги погоди сите држави. Затоа, СДСМ и претседателот Зоран Заев објавија пакет мерки кои имаат за цел да ги ублажат последиците врз економијата, граѓаните и стопанството, порачуваат од СДСМ во најновото соопштение.

Сите предложени мерки се на здрава основа, со финансиски план за нивна реализација, во вкупна вредност од околу 200 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството.

СДСМ предлага обезбедување на минимална плата од 14.500 денри за април и мај, од страна на државата, за секој работник во приватните фирми погодени од кризата.

При тоа, фирмите треба сами да си ги платат придонесите за плати, како и персоналниот данок, а оваа мерка ќе можат да ја користат сите фирми кои нема да даваат дивиденди и бонуси за менаџментот и вработените до крајот на 2020 година и нема сега, за време на кризата да повлекуваат дивиденди и бонуси на основ на добивка од 2019 година,потоа,нема да се пресметува помошта за бројот на вработени кои имаат поголема нето плата од 39.900 денари а сите под таа плата ќе спаѓаат во пресметката за помошта и фирмите кои ќе аплицираат мораат во моментот на аплицирањето да имаат најмалку ист број на вработени како пред корона кризата.

Целта е да нема отпуштање на вработени како и сочувување на стабилноста на фирмите. За оваа мерка државата ќе одвои околу 120 милиони евра.

Потоа, како втора мерка СДСМ предлага, месечна плата и за граѓаните што останале без работа поради кризата, во висина од 50% од просечната плата на работникот.

Следна мерка е и исплата од 7.000 денари по домаќинство за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформална економија.

Ќе им се помогне и на медиумите, спортските клубови и слободните уметници
За сите информативни дејности, медиумски куќи, Владата ќе обезбеди помош, по една минимална плата од 14.500 денари по вработен за месеците април и мај.

Помош има и за спортистите и за 141 регистриран слободен уметник со минимална плата од 14.500 денари за април и мај.

Овој пакет мерки е насочен кон граѓаните, кон работниците, кон сите граѓани кои чесно си ја заработуваат платата, а сега поради големата неочекувана здравствена криза се наоѓааат пред неизвесност за својата егзистенција.

СДСМ и претседателот Зоран Заев остануваат посветени на принципите на солидарност и меѓусебно помагање. Токму тие принципи ќе имаат клучна улога во справувањето со последиците од економската криза, стои во соопштението од СДСМ.