Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски во предизборната паника да го одржи пактот со ВМРО-ДПМНЕ за да го одржат на власт, заборава да распише тендер за јавен градски превоз, обвинуваат од СДСМ.

-Димитриевски преку своите ПР служби во Општина Куманово соопшти дека од од 01.01.2022 година, поради истек на важноста на дозволи на превозниците за општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово, ќе престане да се одвива јавниот превоз, се до завршување на постапката на која се јавиле 9 превозника, и на која сигурно ќе има жалби, што значи дека нема да заврши брзо.Димитриевски ја започнал постапката со јавен оглас на 14.12.2021, а доколку истата беше отпочната пред локалните избори немаше граѓаните да се соочат со овој хаос во јавниот градски превоз. Дополнително, за некои линии кои не се атрактивни никој не се пријавил – Селата Шупли Камен, Косматац, Новосељане, Четирце, Мургаш, Граничен премин Табановце, новата линија Бајрам Шабани – Бедиње, никој не сака да ги вози, со што Димитриевски уште еднаш покажа неводење грижа за граѓаните и не овозможи подеднаков третман за сите граѓани, бидејќи ова е проблем за граѓаните на Куманово, а особено за жителите на приградските и селски населби, кои ќе немаат со што да отидат на работа, велат од СДСМ.

Спореднив, да биде ситуацијата уште поотежната, се јавува и пропустот на Димитриевски во грижа за децата – ги остава без превоз кога ќе заврши распустот.

-Товарот го носат и граѓаните и учениците, сами да се снаоѓаат со превоз во зимскиот период и да им се создадат дополнително зголемени трошоци во период на здравствена и енергетска криза. Ова ли е таа грижа која ја ветуваше Димитриевски? Приоритетот на Димитриевски е неговиот личен интерес, а не граѓанскиот. Граѓаните и со право бурно реагираат затоа што Димитриевски на дело го покажува немањето капацитет да го одржи зборот пред граѓаните и ги остава граѓаните на милост и немилост. Апелираме надлежните инспекциски служби да истражат зошто Димитриевски ги остави граѓаните без јавен превоз во зимскиот период, велат од СДСМ.