„Ништо ново од белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ, извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски се заглавени во матрицата на лажни вести и конструирани случаи .

Како дел од продукцијата на лажни вести од ВМРО-ДПМНЕ се и изнесените лаги за претседателот на СДСМ Зоран Заев и за членови на неговото семејство.

Во отсуство на реални политики и мерки ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Христијан Мицкоски своето делување го базираат на валкана кампања, затоа што ништо друго и не знаат.

Стравот од одговорност за криминалите во белиот дворец дополнителнио кулминира, по носењето на Законот за јавно обвинителство.

Разликата е очигледна. Додека СДСМ е за правда и одговорност, ВМРО-ДПМНЕ е за амнестија на криминалците, за обнова на режимот и изолацијата.

Додека ВМРО-ДПМНЕ се занимава со продукција на лаги ние ја водиме државата во НАТО и ЕУ, додека Мицкоски брани криминал, ние зголемуваме плати и обезбедуваме правда.

Нема да дозволиме, ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и неговиот диригент од Будимпешта да ја вратат државата чекор назад во изолација, режим и неказнивост.

Затоа на 12 април граѓаните ќе ги казнат деструктивните ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат – режим никогаш повеќе“, се вели во соопштението на СДСМ.