“Народе, внимавајте, затворете врата, спуштајте ролетни, извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски, Игор Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ ќе оделе по домовите маскирани во компетентни и кредибилни кандидати за пратеници.
По 11 години кражби, насилства и корупција лицемерно и несериозно е ВМРО-ДПМНЕ и Игор Јанушев да зборуваат за чесна понуда.
Нивната понуда е само обнова на криминалниот режим, обнова на изолацијата, на насилство и богатење на поединци во белиот дворец на сметка на граѓаните.
Ако навистина ВМРО-ДПМНЕ ќе одбира некомпромитирани кандидати за пратеници, дали Јанушев ќе биде меѓу нив кој е компромитиран во предмет за злоупотреба за службена положба за набавка на автобуси?
Додека СДСМ е со месеци на терен, меѓу граѓаните, меѓу стручната јавност, ВМРО-ДПМНЕ е заглавена во штабовите и подрумите од каде секојдневно од очај и безидејност шири лажни вести и исмислици.
Граѓаните одамна знаат дека ВМРО-ДПМНЕ се компетентни само за криминал, за поделби, за поттикнување насилство и дејствување против државните интереси.
Затоа на 12 април повторно ќе ги казнат таквите промашени политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и ќе потврдат дека државата е на вистински пат и по тој пат ќе продолжи.” – велат од СДСМ.