СДСМ и институциите што ги предводи континуирано се грижат за земјоделците, велат од СДСМ.

Во тој правец е и подмладувањето на човечкиот капацитет во земјоделството со 50 млади луѓе на кои им беа доделени договори за финансиска поддршка во форма на грантови за започнување со земјоделска дејност.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на развојот на младите во руралните средини и ваквиот тип на поддршка продолжува и во 2022 година.

За нашата посветеност говори и реализацијата на мерките за финансиска поддршка во земјоделството.

Само минатата недела беа исплатени околу 750 милиони денари и тоа:

– На околу 6.500 млекопроизводители исплатени се над 220.000.000 денари како дополнителни плаќања од 3.5 денари/литар за предадено кравјо млеко, односно 4.5 денари/литар за предадено овчо и козјо млеко

– На 7.689 лица исплатени се 84.4 милиони денари за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности

– 63.6 милиони денари се исплатени за предадени јагниња во кланичен капацитет

– 8.5 милиони денари се исплатени на сметките на живинари кои пријавиле бројлери во кланични капацитети за периодот од мај 2019 – септември 2020

– 39.3 милиони денари за произведен лозов и овошен саден материјал и 35.3 милиони денари за произведен сертифициран семенски материјал

– 27.2 милиони денари за субјектите кои пријавиле одгледани и продадени амортизирани несилки

Владата продолжува со својата заложба за развој на органското производство. 778 сертифицирани органски производители добиваат субвенции во висина од 113 милиони денари.

На 7.674 фармери и пчелари кои ги зголемиле своите основни стада се исплатени 39 милиони денари. Додека сточарите кои задржале женско јаре/јагне се исплатени во износ од 1.6 милиони денари.

За лозарите, овоштарите и оризарите пристигнува поддршка од пакетот мерки за ублажување на последиците од пандемијата. Изгласан е Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од пандемијата без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата.

И во наредната година, Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на програмските мерки, за уште поголема поддршка кон земјоделците, стои во денешното соопштение од СДСМ.