Шефот на Христијан Мицкоски, осудениот криминалец и бегалец во Будимпешта Никола Груевски, како по навика рипна да ги брани кринималите на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ во најновото соопштение.

Бегалецот од правдата Груевски си објавува статуси на социјалните мрежи и си ја брка мувата од капата, во врска со скандалот со несоодветниот третман на медицинскиот отпад.

Факт е дека сопственик на фирмата „Еко-Клуб“ која несоодветно третирала медицински отпад е во сопственост на Сашо Јанакиески, многу близок соработник на Никола Груевски на ВМРО-ДПМНЕ.

Факт е дека Јанакиески, беше поставен за директор на унгарски трговски куќи во Скопје. Сашо Јанакиевски е почесен конзул за Македонија на унгарскиот премиер Виктор Орбан, премиерот кој му даде азил на Никола Груевски.

Белиот дворец зад мене е вистинската адреса за тоа што медицински отпад со години нетретиран се депонирал во Дрисла.

Груевски кукавички избега од правдата, но граѓаните не го забораваат режимот, изолацијата на државата, заробените институции, заплашувањата и злоупотребата на народните пари за лажен барок и полнење на џебовите на неколкумина од белиот дворец.

Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е управувано од Будимпешта и затоа на 12 април, ќе порачаат режим никогаш повеќе, стои во соопштенеито од СДСМ.