Очигледно ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту Мицкоски не се добро запознаени со уставот и законите во земјава. Новата Влада не само што има легитимитет, туку има проширено и стабилно мнозинство во Собранието, Соопштение за јавност, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференција на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму, Владата има полн легитимитет да ги носи сите одлуки и да ја спроведува владината програма во интерес на граѓаните и државата.

Празните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ се само недостаток на други аргументи, недостаток на политики, предлози, идеји од опозициската партија во која ништо не се променило, велат од СДСМ.