„Наместо како медиуми, дејствувањето на Телевизија Алфа, Република, Курир, Нетпрес и Лидер се повеќе наликува на режимска политичка партија, опонент на владејачкото мнозинство.
СДСМ отсекогаш работела и ќе работи на заштита и унапредување на новианрските и медиумските слободи. Денес, сите медиуми критички ја следат работата на Владата и владејачкото мнзоинство.
Но медиумите кои штанцаат лажни вести, како Алфа ТВ и одредени интернет портали наместо да известуваат објективно се однесуваат како режимска политичка партија. Тоа е одлика на едно минато време, кое никогаш веќе нема да се повтори.
Како што објави истражувањето на словенечки медиуми, 2,5 милиони евра црни пари од Будимпешта влегле во медиуми кои преку лажни вести имаат задача да работат против интеграцијата во НАТО и ЕУ. Јавен интерес е овој скандал целосно да се расчисти“, стои во соопштението на СДСМ.