“Извршителот на осудениот криминалец Никола Груевски, може да презентира мерки само за обнова на режим, поскапување струја, изолација и Белизе оф шор криминални шеми.
Режимот ги осиромаши граѓаните и фирмите а во бомбите се слушна целата вистина за „пиштење вриштење“ хајките и казните кои ВМРО-ДПМНЕ ги спроведуваше за затворање на голем број фирми.
Најнеуспешниот директор на ЕСМ на сите времиња, извршителот Мицкоски, има најлош резултат во енергетиката а струјата ја поскапе за 100%.
Денеска, бизнисот живее, нема веќе пиштење вриштење, секој работи без притисоци и слободно се натпреварува на пазарот а фирмите добиваат силна поддршка од државата.
Од -1,8% во времето на криминалната ВМРО-ДПМНЕ економијата сега со СДСМ има раст на економијата до +4.1%
Со поддршка од 50 милиони евра за компаниите СДСМ за само 2,5 години отвори три пати повеќе работи места од ВМОР-ДПМНЕ која потроши 250 милиони евра.
Според Индексот на економски слободи за 2019, објавен од фондацијата „Херитиџ“ нашата држава е најслободна економија во регионот рангирана на 33. место во светот според индексот на економски слободи.
Извршителот Мицкоски знае само да поскапува струја и да прави штета на државата. Затоа го очекува пораз на 12 април!” – реагираат од СДСМ.