„СДСМ има обврска да го држи кормилото на државата во вистинскиот, европски правец и да ги спречи сите обиди за негово загрозување, затоа што постојат закани на европскиот пат на земјава.

Левица и Димитар Апасиев, со опасниот популизам, со својата анти-НАТО и анти-ЕУ потпалувачка реторика е фактор кој работи на загрозување на европскиот пат.

Опасноста е присутна и е се поголема затоа што оваа партија Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги зема како нивни заложници.

ВМРО-ДПМНЕ е целосно идеолошки обезличена а Мицкоски е слаб, нема став, нема визија и нема државничко чувство.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат план, а тоа го признаваат и високи функционери на партијата.

Левица со своето дејствување стана десница и ги зема во целосно заложништво Мицкоски и ВМРО–ДПМНЕ.

Таквите потпалувачки политики може да ја уништат иднината на земјата и да го попречат европскиот пат, но тоа СДСМ нема да го дозволи“, стои во соопштението на СДСМ.