“ВМРО-ДПМНЕ заради профит на поединци свесно го загрозувала здравјето на граѓаните и ја загрозувала животната средина.
Вината и одговорноста за скандалот со несоодветно третиран медицински отпад е целосно во белиот дворец, кај ВМРО-ДПМНЕ.
Фирмата „Еко-Клуб“, која го години депонирала нетретиран медицински отпад во Дрисла е сопственост на Сашо Јанакиески, кадар на ВМРО-ДПМНЕ и близок соработник на Никола Груевски.
Нетретиран медицински отпад не смеел да се носи во Дрсила, а тоа повторно го овозможувало ВМРО-ДПМНЕ преку Горан Ангелов, кој беше директор на депонијата, се додека Градот Скопје не успеа да го преземе управувањето со Дрсила.
ВМРО-ДПМНЕ за обезбедување профит на поединци од своите редови штети на здравјето на луѓето и поттикнува потенцијална опасност од ширење зарази.
Овој случај мора да добие правна разрешница. Мора да има одговорност за овој скандал, бидејќи никој не смее да го загрозува здравјето на граѓаните.
Граѓаните знаат дека СДСМ посветено се грижи за нивната добробит, а ВМРО-ДПМНЕ блокира и кочи се што е во интерес на граѓаните.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе биде поразено на изборите на 12 април.” – реагираат од СДСМ.