„Додека ВМРО-ДПМНЕ од Белата плата глуми загриженост за економскиот стандард на народот, нивни функционери тераат луксузни одмори, а нивните градоначалници дополнително им го загорчуваат животот на граѓаните.
Освен што 10 месеци не работат ништо, неспособните локални власти на ВМРО-ДПМНЕ ги трошат парите на граѓаните на лускуз, ги партизираат општините и јавните претпријатија, кои тонат во долгови.
Со прст не мрднаа да им помогнат на граѓаните, напротив дополнително удрија по џебот на граѓаните, со покачување на цените на комуналните услуги.
Само во општина Штип за 100 проценти е зголемена цената на ѓубретарината. Покачени се давачките и во општина Виница, општина Радовиш, Прилеп.
Додека цените на услугите растат, јавните претпријатија раководени од ВМРО-ДПМНЕ се полнат со партиски кадри.
ВМРО-ДПМНЕ по кој знае кој пат, докажаа дека воопшто не се грижат за граѓаните, туку на прво место им се личните и партиските интереси“, стои во соопштението на СДСМ.